Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕТИЧКИ КОДЕКС НА МРТ: Колку јавниот сервис ќе успее во улогата на непристрасност?

ЕТИЧКИ КОДЕКС НА МРТ: Колку јавниот сервис ќе успее во улогата на непристрасност?

Денеска во присуство на новинари, ЗНМ, МАН и јавноста, Македонската телевизија и нејзиното раководство го претставија Етичкиот кодекс на националниот сервис.

Овој етички кодекс е дел од пржинските преговори и со него се утврдени правила за професионално и одговорно работно однесување и работа на вработените во МРТ, како и професионалните стандарди и етичките начела, главно во создавањето на програмата и на други аудиовизуелни производи.

Кодексот опфаќа независност и непристрасност  на новинарите  во својата работа (што впрочем е кодекс кој треба да го поседува секој еден новинар и медиум). Понатаму, во однос на информирањето, кодексот предлага факти и провереност на информациите без употреба на изразите   како „се зборува“, „сме слушнале дека“, „зборуваат“, „некои тврдат“при што едностраноста е строга забранета и мора да се слушне и „другата страна“.

Во поглед на политичките известување рамномерно мора да се изнесуваат ставовите и на власта и на опозицијата.

Oва е мал дел од етичкиот кодекс кон кој ќе мора да се придружува јавниот сервис кои наидоа на поддршка од синдикатор и Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Сепак и покрај поддршката, Селман истакнал дека еден јавен сервис за да биде успешен му треба редифинирање на  функцијата директор, стабилни финансии и независен програмски сервис.

Слично

Поврзани вести