Економија, финансии, бизнис

Контакт

ETIAS, НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЕУ: Еве кога можат да ве одбијат да влезете во некоја земја

ETIAS, НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЕУ: Еве кога можат да ве одбијат да влезете во некоја земја

Процесот на одобрување ETIAS (кој е планиран од мај 2025 година) ќе биде брз и едноставен, а шансата за отфрлање ќе биде минимална, освен во многу специфични околности. Одбивањата ќе бидат ретки и можни главно во случај на сериозни безбедносни закани, како што се тероризам, сериозен криминал или фалсификување на податоците од апликациите. Дури и ако апликацијата биде одбиена, ќе има можност да се жали и да се поправи грешката, пишува на фејсбук групата Грција инфо, каде наголемо се објаснува околу догодишните одмори и што ако некому му биде одбиен влезот во Грција.

Еве што велат оттаму.

„Најголемата пречка за одобрување на ETIAS се состои од:

• Прекугранични кривични дела

• Тешки кривични дела (убиство, силување, киднапирање, вооружен грабеж, итн.)

• Терористички активности или врски

• Евиденција за депортација

Апликантите со досие за помали прекршоци или условна казна наместо затворска казна, можат да аплицираат за ETIAS иако може да бидат потребни дополнителни прашања и појаснувања.

Доколку не припаѓате на ниту една од гореспоменатите криминални категории, нема причина да не ви биде дозволен влез во Грција. Доколку ве одбие, повеќето сопственици на сместување во Грција го враќаат депозитот на гостите доколку сместувањето се откаже најмалку 3 недели однапред.

Наш совет е да ја пополните апликацијата ETIAS веднаш штом ќе профункционира и да не чекате до последен момент пред да заминете на одмор.

Не треба однапред да се грижиме и веруваме дека навистина нема да има никаква причина за тоа.

Воведувањето на системот ETIAS може да изгледа како дополнителна обврска за многумина од нас, но тој всушност е дизајниран да ја подобри безбедноста и да обезбеди побезбедна средина и за сите туристи“, пишува во групата.


Грција инфо

Слично

Поврзани вести