Етереум конкурентот на Биткоин има огромен пад
Криптовалутата Етереум забележа огромен пад на вредноста на светските берзи која сега изнесува под 200 долари. Тоа претставува пад од повеќе од 50% бидејќи во јуни Етереум стигна до својата рекордна вредност од 400 долари за еден токен.
Етереум оваа година сепак, има огромен пробив бидејќи во јануари вредеше само 8 долари за токен, па сега се очекува цената на берзите да се стабилизира на околу 200 долари иако нејзиното движење многу ќе зависи и од интересот на корисниците за криптовалути кои сега се окупирани во Биткоинот.
Највредната криптовалута Биткоин вреди околу 2500 долари за токен на берзите, а пазарната валуација изнесува 36 милијарди долари според Coinmarketcap.
Слично
