Економија, финансии, бизнис

Контакт

Естремно жешко: Што да правите, а што да избегнувате?

Естремно жешко: Што да правите, а што да избегнувате?
Од утре се најавуваат тропски температури од над 40 степени. Бидете особено внимателни и држете се до советите на лекарите. Почесто туширање и освежување секако, полесна храна, носење лесна облека, шапка и очила. Избегнете ги тешките работи. Еве неколку совети. Никако на сонце директно. Во текот на најжешкиот период од денот (11 до 17 часот) се препорачува да се движите во затворени и по можност климатизирани простории. Ако имате работа завршете ја претпладне, или евентуално после 17 часот. Ако патувате задолжително носете вода. Ќе ви биде потребна доколку се пототе, особено ако сте во возило без клима уред. Транспортните возила, особено оние без клима уред, го ограничуваат пристапот до доволно воздух Носете светла и лесна облека. Во текот на денот носете светла широка облека од пријатни материјали кои ќе ѝ дозволуваат на кожата да дише. Обврзни се очила за сонце. Ги заштитуваат очите, не излегувајте од дома без нив. Не вежбајте или не работете физичка работа. Бидете колку што е можно помалку активни, особено во периодот од 12 до 16 часот, затоа што лесно ќе се заморите и може да дојде до истоштување на телото. Вежбајте или рано наутро или доцна попладне. Користете крем со минимален заштитен фактор 15. Премачкајте го лицето, рацете и рамената, односно оние делови од телото до кои знаете дека сонцето допира најмногу. Избегнувајте кафе, алкохол газирани сокови. Првите две го дехидрираат телото, а газираните ќе ве прават жеден. Консумирајте оброци кои се полесни, значи салати со овошје и зеленчук. Ќе имате повеќе витамини.
Слично

Поврзани вести