Есма, Силви Бенд и Елвир Меќич ќе добијат по 4 500 евра државни пари за снимање нови песни
МРТ ја објави листата за избор на изведувачи на нови композиции од вториот квартален конкурс за 2015 година, кои ќе добијат пари од државата за снимање нови композиции.
Во категоријата „Ѕвезди“ се одбрани Силви бенд и Есма Реџепова кои добиваат по 4.500 евра. Силви бенд ќе сними две композиции со државни пари и ќе добијат 9.000 евра.
Во категоријата „Композиции со кои се афирмирани семејните вредности во општеството или многудетните семејства“, одбран е Елвир Мекиќ и песната „Што ве имам“.
Во категоријата „Композиции со кои се афирмира историјата на Македонија“ за субвенции се одбрани Влатко Илиевски со песната „Македонка“ и Душко Темелковски за композицијата „Наша земја Македонија“.
Комисијата која ги одбира композициите на кои ќе им додели субвенции е составена од Васил Фотиу (претседател), Јошко Бошковски, Васка Наумова Томовска, Лилјана Автовска, Ристо Апостолов, Симеон Иванов Канго – членови на Комисијата.
Инаку, со Законот за поддршка на домашната музичка продукција, државата со пари од Буџетот, секоjа година ќе финансира создавање на 200 нови композиции.
