ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕСМ за кредитни камати платил 6,5 милиони евра

ЕСМ за кредитни камати платил 6,5 милиони евра

ЕСМ минатата година има трошоци од 6,5 милиони евра само за исплатени камати на основните рати од кредитите добиени од домашните и меѓународните банки, објавено е во независниот ревизорски извештај направен за работењето на државното електростопанство за 2024.

Ставката „расходи врз основа на камати од работењето со неповрзани друштва“ прикажува потрошени 397.491.000 денари минатата година, што е двојно повеќе од 2023 кога платената годишна „цена“ на заемите изнесувала 193.760.000 денари.

Севкупниот финансиски долг кон домашни банки и меѓународни кредитори, со пресметани рати и камати, долгорочно изнесува 13,4 милијарди денари, или околу 215 милиони евра.

Оваа година финансиското задолжување најверојатно ќе биде уште поголемо поради обврските кон „зелената агенда“, но и поради тоа што ЕСМ доби дозвола од владата како гарант да се задолжи кај Халк банка за уште 30 милиони евра. Претходно беше кажано дека парите се потребни за плаќање на доспеани обврски и за ликвидност на компанијата која што извесен период е нарушена. 

Минатата година ЕСМ ја  заврши со загуба од 123 милиони евра, а истата година подигна и кредити од вкуоно 82 милиони евра од неколку домашни банки.

Севкупните долгови на ЕСМ најверојатно се многу поголеми бидејќи корпоративниот извештај поднесен до Централен регистар покажува вкупни разни обврски од 410 милиони евра.

ЕСМ за минатата година плати и повеќе од 3 милиони евра за годишен закуп на капацитет во новиот терминал за природен гас во грчки Александрополис, иако се уште не го користиме, бидејќи ја немаме потребната гасна инфраструктура. Поради тоа, од одборот на директори беше поднесена кривична пријава за претходното раководство.

А.К.

ad
Слично

Поврзани вести