Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕСМ со директорски промени, клучните позиции остануваат со истите имиња

ЕСМ со директорски промени, клучните позиции остануваат со истите имиња

Државното електростопанство направи неколку измени на раководните позиции, откако назначи нови директори на термоелектраната во Неготино и во скопското снабдување со топлинска енергија.

Во ТЕЦ Неготино за нов директор е назначен Јане Томов на местото на Александар Галапчев, кој претходно беше избран на оваа позиција минатогодишниот септември.

Од АД ЕСМ ни рекоа дека се работи за стручен кадар кој доаѓа од самата термоелектрана, а дека тука бил ангажиран пред една година по подолг период минат во ЕВН.

Инаку ТЕЦ Неготино е неактивна „ладна резерва“ која работи на мазут само во кризни ситуации.

Ѓорѓи Каралиев е нов директор на ЕСМ Производство на топлина и ќе го замени Бобан Максимовски, кој на оваа функција е од ланскиот септември.

Максимовски од друга страна е именуван за директор на ЕСМ Дистрибуција на топлина, каде до сега прв човек беше Петар Милетиќ.

Засега нема други официјални информации дали ќе следуваат промени на други раководни позиции.

Државните електрани подолго време се борат да ја подобрат ликвидноста, но во моментов според последните податоци, заклучно со септември, годишната загуба на ЕСМ надминува 90 милиони евра. 

А.К.

Слично

Поврзани вести