Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕСМ СО ДЕТАЛИ ЗА ЗАСТОЈОТ НА БЛОК 1, снабдувањето со енергија функционира непречено

ЕСМ СО ДЕТАЛИ ЗА ЗАСТОЈОТ НА БЛОК 1, снабдувањето со енергија функционира непречено

Утрово во РЕК Битола започнаа сервисно – ремонтни активности на Блок 1 со цел подобрување на неговата стабилност и доверливост во работата. Застојот во производството од овој блок предвидено е да трае во наредните 24 часа. Во меѓувреме, во функција останува Блок 2 на комбинатот.

Постројката ќе биде со целосен капацитет на мрежа во текот на утрешниот ден.

Снабдувањето со електрична енергија од останатите капацитети на АД ЕСМ продолжува непречено и компанијата не увезува струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. 

Фактор веќе објави дека има прекин на работата на Блок 1.

Слично

Поврзани вести