Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕСМ се подготвува за испади на термоелектраните, се бара струја за вонредни ситуации

ЕСМ се подготвува за испади на термоелектраните, се бара струја за вонредни ситуации

ЕСМ се подготвува за испади и дефекти на блоковите од термоелектраните, па како план за покривање на извесното нестабилно производство, на оглас бара оператори кои веднаш ќе му продададат „складирана“ електрична енергија за да не се почувствува кризата.

„AД ЕСМ Скопје објавува отворен повик со кој ги поканува сите заинтересирани страни да покажат интерес за склучување на Рамковен договор за oбезбедување Резервна моќност и испорака на електрична енергија, која ќе се спроведува согласно Правилата за обезбедувањето на Резервна моќност и испорака на електрична енергија“, насловен е повикот кој трае до денес.

Договори ќе се потпишат со оние производители, трговци или снабдувачи кои ќе понудат најмал надомест за тргување.. Електричната енергија ќе се доставува под контрола на операторот за пренос МЕПСО. Цената што ќе ја плаќа ЕСМ ќе биде збир од цената на референтната унгарска берза ХУПЕКС во даден конкретен час заедно со надоместот за тргување кој ќе го наплати операторот за себе.

„Во зависност од потребите на АД ЕСМ - СКОПЈЕ, АД ЕСМ - СКОПЈЕ ќе ја активира Резервната моќност и ќе достави Барање за активирање на Резервна моќност и испорака на електрична енергија (БАРМИЕЕ) до избраните понудувачи со кој има склучено Индивидуален договор за обезбедување Резервна моќност за предметниот период. 

Активирањето на резервната моќност започнува со телефонско јавување oд диспечерот на должност во диспечерскиот центар на АД ЕСМ - СКОПЈЕ до дежурното лице овластено од избраниот понудувач“, се некои од правилата кои се наведени во повикот.

ЕСМ ќе ги плаќа фактурите на дневно ниво, а ако не ја добие електричната енергија, казнен пенал за операторот ќе биде 100.000 евра.

Државните електрани често, особено за време на грејната сезона, кога има испади на блоковите а при тоа резервната хидроакумулација е на ниско ниво, влече струја преку МЕПСО од надворешните мрежи, но таквите вонредни интервенции во системските резерви чинат скапо.

Според извештаите на Регулаторната комисија за енергетика, ЕСМ во 2023, кога немал избор, морал да преземе вонредно 49.000 мегаватчасови од европската мрежа, кога просечната цена на годишно ниво била 123 евра по мегаватчас. Во кризната 2022, ЕСМ вонредно повлекол дури 102.000 мегаватчасови по уште повисоки цени таа година. Големи отстапувања ЕСМ направил и претходните години., но цената за тоа во меѓувреме енормно порасна.

А.К.

Слично

Поврзани вести