ЕСМ повторно купи струја за декември, ќе бидат потрошени над 20 милини евра
Уште сега се знае дека над 20 милиони евра ќе бидат потрошени за увозна струја за потребите на АД ЕСМ за време на грејната сезона во ноември и декември, во недостиг на оптимално производство за задоволување на потребите на дмаќинствата и малите потрошувачи.
Иако, уште во јули компанијата однапред обезбеди електрична енергија за овие два месеци во вредност од 15 милиони евра од слоовенечкит снабдувач Ген-И по цена од 115 евра од мегаватчас, деновиве преку нов повик повторно за декември беа набавени дополнителни над 50 илјади мегавати за кои треба да се плати над 6 милиони евра, пари кои ќе одат во касата на три компании трговци со струја чии имиња се веќе познати за јавноста - ЕДС, Хсе Мак Енерџи и ЕТМТ Енерџи
Претходно, ваквите долгорочни резервации уште сега од ЕСМ беа објаснети дека тоа се прави поради пониските цени кои се постигнуваат ако уште сега се направат договори.
Нова цена за струјата за домаќинствата и малите потрошувачи ќе се донесе до крајот на годинава па, останува да се види дали и колку овие нарачки ќе влијаат.
Лани за набавка на струја ЕСМ потроши околу 100 милиони евра.
