Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВА СОНЧЕВА ЕЛЕКТРАНА ВО ЦЕЛОСНА ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ - Наскоро се пушта во употреба 10 мегаватната Осломеј

ПРВА СОНЧЕВА ЕЛЕКТРАНА ВО ЦЕЛОСНА ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ - Наскоро се пушта во употреба 10 мегаватната Осломеј

Последни подготовки се вршат на терен пред пуштањето во процес на производство на новата 10-мегаватна фотонапонска електрана Осломеј.

Увид во активностите денеска извршиле заменик-генералниот директор на АД ЕСМ, Имер Зенку и директорот за развој и инвестиции, Благој Гајдарџиски, кои на лице место биле информирани за завршните активности и за првичните податоци за перформансите на електраната.

„Електраната се наоѓа во пробен период и наскоро ќе биде вклучена во електроенергетскиот систем.

Ова е прва сончева електрана во целосна државна сопственост, односно во сопственост на АД ЕСМ“, се вели во соопштението од државната компанија за производство на електрична енергија.

Во моментот во тек е реализација на фотонапонска електрана од 100 MW со јавно-приватно партнерство, исто така на локации на исцрпениот рудник за јаглен во РЕК Осломеј.

Слично

Поврзани вести