Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕСМ: Поевтина струја ќе добијат и прехранбените компании кои имаат фотоволтаици

ЕСМ: Поевтина струја ќе добијат и прехранбените компании кои имаат фотоволтаици

АД ЕСМ соопшти дека е решен проблемот со компаниите од прехранбената индустрија на кои претходно им беше кажано дека нема да добијат субвенционирана електрична енергија од 80 евра по мегаватчас поради тоа што имаат инсталирани фотоволтаици.

Од таму велат дека се работи за пет компании кои од денеска ќе бидат снабдувани со струја од ЕСМ Продажба, наместо од слободниот пазар, а ќе им бидат откупени и вишоците од фотоволтаиците.

„Петте фирми кои имаат поставени фотоволтаици, за кои имаше застој во одобрувањето на броилата, ќе бидат снабдувани од ЕСМ Продажба од денеска, 1.12.2022г. На состанокот одржан меѓу РКЕ, АД ЕСМ, ЕВН Електродистрибуција и МЕМО, во согласност со Правилата за снабдување, одлучено е покрај договор за снабдување, петте фирми со ЕСМ Продажба да потпишат и договор за откуп на киловатите електрична енергија кои сами ги произведуваат, а кои нема да ги искористат и ќе ги вратат во мрежа“, се вели во информацијата на ЕСМ.

ЕСМ ќе им ги откупува нивните преостанати количини по цена од 80 евра минус 10 отсто. Договорите со петте фирми ќе бидат потпишани во текот на денот, и ќе важат од денеска. 

„Воведениот принцип ќе се применува и за сите други вакви случаи, доколку се појават при пријавувања за снабдување во следните месеци“, велат од ЕСМ.

Слично

Поврзани вести