Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕСМ: Опожарениот топловод на мостот Беласица ќе биде отстранет во најкраток рок

ЕСМ: Опожарениот топловод на мостот Беласица ќе биде отстранет во најкраток рок

ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе го отстрани опожарениот топловод на мостот Беласица во најкраток можен рок, соопштуваат од компанијата.

- Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија и проверки на состојбата на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании.

ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе вложи максимални напори отстранувањето на опожарениот топловод на мостот да се заврши во најкраток можен рок - додаваат во соопштението.

Од ЕСМ потенцираат дека „и покрај опожарувањето на мостот Беласица, во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа“.


Слично

Поврзани вести