ЕСМ официјално затвори еден од рудниците
ЕСМ официјално, со раскинување на концесијата поради немање економски интерес, затвора дел од рудникот за јаглен во ТЕЦ Осломеј.
Од ЕСМ тврдат дека тука повеќе нема да се прави ископ затоа што целосно биле исцрпени резервите. Уште во мај поднеле барање за раскинување на договорот за концесија, објави Телма.
- Земјиштето од овој сегмент од рудникот во наредниот период ќе биде предмет на рекултивација со можност за изградба на нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори
Со донесување на оваа одлука и раскинување на договорот, АД ЕСМ ќе избегне дополнителни финансиски трошоци кои произлегуваат од активната концесија без ресурси за експлоатација., се вели во дописот од ЕСМ
Во меѓувреме преку два отворени повика ЕСМ бара над милион тони јаглен за период од една година. За РЕК Битола се бараат 730 илјади тони, за Осломеј 400 илјади тони.
Домашните рудници одамна во целост не можат да ги задоволат потребите од јаглен за производство на струја.
