Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕСМ објави оглас за набавка на гас за топланите за период јануари-април

ЕСМ објави оглас за набавка на гас за топланите за период јануари-април

ЕСМ продажба почна постапка за набавка на природен гас за потребите на топланите за греење на градот Скопје за периодот јануари-април.

Испратени се покани за достава на понуди до активните лиценцирани компании за трговија и снабдување со природен гас во Р. Северна Македонија и повикот е објавен и на веб страната на АД ЕСМ, во делот на ЕСМ Продажба, за деловно информирање на странски компании кои би имале интерес да поднесат понуди.

Целта на повикот е да се изберат квалификувани понудувачи со кои ќе се склучи рамковен договор за потребните количини на природен гас за периодот 01.01-30.04.2023.

Индивидуален договор, месечен или за целиот период, ќе се склучи со квалификуваниот понудувач кој има рамковен договор и најповолна цена за бараниот период.

Се очекува конечен договор за набавка на природен гас да биде склучен кон крајот на декември.

Слично

Поврзани вести