Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕСМ купи грчки јаглен за РЕК Битола

ЕСМ купи грчки јаглен за РЕК Битола

ЕСМ од минатата недела ги набави првите 100 илјади тони јаглен за РЕК Битола од грчка Протергија, фирма ќерка на Митилинео,на новоотворениот јавен повик за наредниот период од една година.

Според проекциите и тендерот што го објави ЕСМ, електрична енергија ќе се прави со 730.000 тони јаглен што не е од сопствените рудници,туку ќе го носат надворешни трговци. Во наредниот период се очекуваат уште вакви понуди од трговските фирми.

Преку два повика есм бара нешто над еден милион тони јаглен за двете термо централи Рек Битола и Осломеј, кој пак траат една година. Претходно и за Осломеј се обезбедија 100 илјади тони од Рес Инженеринг. 

Нова цена на струјата за домаќинствата треба да се донесе до крајот на годинава па останува да се види колку овие набавки ќе влијаат на одлуката. До крајот на ноември пак Регулаторната комсиија за енергетика треба да донесе одлука за нова цена за пренос и дистрибуција на струја - ставка која е дел од фактурите за електрична енергија кои ги добиваат граѓаните.

Слично

Поврзани вести