Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕСМ ќе понуди повисока цена за мегават час?

ЕСМ ќе понуди повисока цена за мегават час?

41 евро за мегават час електрична енеригија  е цената која државната ЕСМ ќе ја продава на ЕВН Хоум за догодина. Тоа е зголемување за пет евра во однос на цената која важи до 31 декември. Алсат дознава дека оваа цена владата ја договорила на последната седница и ќе биде поднесена на новиот тендер на Универзалниот снабдувач. Засега од владата не ја потврдуваат официјално информацијата, со образложение дека таа ќе биде обелоденета следната недела на тендерот на ЕВН Хоум.

Законската обврска на ЕСМ за следната година е да обезбеди 60 отсто од потребната струја на ЕВН Хоум која е Универзален снабдувач на домаќинствата и малите потошувачи. 

Слично

Поврзани вести