Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕСМ ГО ЗГОЛЕМИ ПРОИЗВОДСТВОТО ЗА 50 ПРОЦЕНТИ ВО ЈАНУАРИ И ФЕВРУАРИ - намален увозот

ЕСМ ГО ЗГОЛЕМИ ПРОИЗВОДСТВОТО ЗА 50 ПРОЦЕНТИ ВО ЈАНУАРИ И ФЕВРУАРИ - намален увозот

Домашното производство на електрична енергија во првите два месеци е зголемено за скоро 50 проценти. Како што соопштува АД ЕСМ во првите два месеци од годинава во целост го исполнуваат планот за производство. 

- Во капацитетите на компанијата произведени се вкупно 1.037.333 мегавати-часа (MWh) електрична енергија што претставува зголемување во споредба со истиот период лани за 49,97 проценти, а споредено со 2021 година за 78,53 отсто - соопштуваат од ЕСМ.

Од таму дополнуваат дека зголеменото производство на електрична енергија во Државните електрани на Северна Македонија, овозможи ЕСМ Продажба значително да ги намали набавките на струја на берзите.

- ЕСМ Продажба која набавува електрична енергија за снабдување на болници, училишта, јавни комунални претпријатија, дел од производствените капацитети и останати договорни органи во државата, во првите два месеци од годинава набави само 14.980 MWh. За периодот 4-5 јануари ЕСМ Продажба набави 7.300 MWh, а изминатиот викенд беа набавени 7.680 MWh електрична енергија - посочуваат од ЕСМ. 

Од компанијата додаваат дека во екот на грејната сезона ги имаат ставено во функција сите расположливи производствени капацитети со цел зголемување на домашното производство и успешно справување со енергетската криза. Рестрикции на струја и понатаму не се опција и АД ЕСМ е насочена кон овозможување на предуслови за стабилизирање или намалување на цената на струјата.

Слично

Поврзани вести