ЕСМ ГИ СМИРУВА ГРАЃАНИТЕ И МАЛИТЕ ПОТРОШУВАЧИ - струја ќе има доволно за цела година
Управниот и Надзорниот одбор на АД ЕСМ, и директорите на сите подружици, денеска одржале состанок во ХЕС Црн Дрим во Струга, на кој се расправало за зголемување на планот за производство за 2022 година.
„Владата на последната затворена седница го задолжи АД ЕСМ да обезбеди 100 отсто електрична енергија за ЕВН Хоме за потребите на граѓаните и малите потрошувачи за периодот јули-декември 2022 година, по цена од 48 евра за MWh.
За зголемувањето на планот за производство земени се предвид динамиката на ископ на јаглен во сопствените рудници, можностите за нејзино интензивирање, постапките за набавка на јаглен и мазут, набавката на гас, движењето на цените и достапноста на енергенсите на регионалниот пазар, и можностите за оптимизирање на потрошувачката и заштеда на средства.
За второто шестмесечје од 2022 година ЕСМ законски може да понуди електрична енергија од само 60 отсто од потребите, но во тој случај Универзалниот снабдувач би набавувал 40 отсто по цена на берзите, кои стигнуваат и до 360e/MWh, што би значело енормно зголемување на крајната цена за граѓаните“, се вели во сооопштението.
