Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕСМ ГИ ЧЕКА ПОНУДИТЕ ЗА ГАС ОД ТРИ ФИРМИ - сите имаат рок да ги достават своите услови заклучно со четврток

ЕСМ ГИ ЧЕКА ПОНУДИТЕ ЗА ГАС ОД ТРИ ФИРМИ - сите имаат рок да ги достават своите услови заклучно со четврток

Во врска со набавката на гас за парно се огласи и државната ЕСМ. Велат дека понудите ги очекуваат од вкупнио три компании, од кои едната е „Макпетрол“.

„АД ЕСМ денеска испрати допис до Макпетрол, и до уште две други фирми кои покажаа интерес да обезбедат гас за потребите на АД ЕСМ, во кој допис од истите е побарано до 20.10.2022 година да достават понуда за гас за периодот ноември-април.

Понудата која треба да ја достават се однесува на количини, цена, услови на плаќање и обезбедување преку банкарски гаранции.

Инаку, за периодот ноември-април АД ЕСМ има потреба од 225 милиони нм3 природен гас, со кои ќе се покрие максимално работење во наведениот период, на топланите Исток и Запад, Когел и на ТЕ ТО, доколку и оваа електрана биде интергрирана во електро-енергетскиот систем на ЕСМ, односно биде потпишан договор за деловно-техничка соработка со истата“, се вели во соопштението од државните електрани.

Претходно, пак, се огласи и „Макпетрол“, од каде велат дека не ги нарачале потребните количини за Владата, со оглед што таа не ја прифатила нивната понуда заклучно со крајниот рок. 

Слично

Поврзани вести