ЕСМ: Електраната Осломеј во дефект
АД ЕСм известува дека електраната РЕК Осломеј е во 48-ласовен дефект поради пукната цевка. Од таму велат дека станува збор за најчест дефект во термоелектраните, кој брзо се санира.
- Производството на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи) се одвива непречено преку другите електрани на АД ЕСМ, пред се со поинтензивно производство на двата блока во РЕК Битола, известија електраните.
Се очекува РЕК Осломеј повторно да биде на мрежа од сабота. И покрај дефектот, РЕК Осломеј го исполнил и го надминал планот за производство за 2022г.
Слично
