ЕСМ даде поевтина цена за загуби, а поскапа за производство до ЕВН
ЕСМ објави дека на повикот од ЕВН кој беше затворен денеска, прифатена е поевтина цена за покривање на загубите во мрежата, додека производството на електрична енергија ќе биде поскапо.
„На повикот за набавка на електрична енергија за потребите за техничките загуби во системот на Електродистрибуција, за количини од 437.566MWh за период јануари-јуни 2023г, АД ЕСМ поднесена понуда за цена од 110e/MWh, наместо досегашните 143e/MWh.
На повикот на ЕВН Хоме за набавка на електрична енергија за регулираниот пазар за количини од 2.043.095MWh за период јануари-јуни 2023г, АД ЕСМ се пријави со понуда од 56e/MWh, наместо досегашните 48e/MWh“, информира ЕСМ.
Останува Регулаторна комисија за енергетика сето ова до крјаот на годината да го пресмета како нова цена во сметките на крајните потрошувачи од 1 јануари до 30 јуни 2023.
