Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

АД ЕСМ преку писмо побара од Владата да прогласи кризна состојба на пазарот со електрична енергија, поради отежнатата набавка на енергенси како последица на секојдневните блокади на грчките земјоделци. Од Владата потврдија дека за дописот ќе се одлучува на владина седница идната недела.

Како што посочуваат од Владата, иницијативата за активирање на државните резерви произлегува од неможноста да се реализира набавката на мазут, неопходен за дел од производството на електрична и топлинска енергија. Причина за тоа се блокадите на граничните премини со Грција.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за енергетика во Собранието, Бојан Стојаноски, во гостување во Дневникот на ТВ Сител изјави дека доколку Владата одлучи да прогласи кризна состојба, парламентот ќе даде поддршка.

„Оваа кризна состојба се бара за да се овозможи Владата да ги отстапи државните резерви на компанијата, со цел таа да може да произведува струја и топлинска енергија сè додека не се реши проблемот со блокадите на граничните премини со соседна Грција, предизвикани од протестите на земјоделците“, рече Стојаноски.

Првата реакција денес пристигна од Левица од каде сметаат дека грчките земјоделци не се вистинската причина за ова барање, туку огромните загуби

„Доколку е прекината набавката на мазут, тогаш ЕСМ може да бара раскин на договорот со добавувачите поради неисполнетост на условите. Единствената кризна состојба во ЕСМ е немањето капацитет на Узунчев да менаџира со ова претпријатие, кој директорската функција ја доби единствено поради блискоста со Мицкоски“ сметаат од таму.

Слично

Поврзани вести