Ескобар: Мислам дека мора да го заборавиме наративот Косово е Србија
Во интервју за Н1 специјалниот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар изјави дека никој не треба да страда поради регистерските таблици и дека двете страни треба да бидат насочени кон европско решение.
„Мислам дека мора да го заборавиме наративот Косово е Србија и да преминеме на оној дека Косово и Србија се дел од Европа“, рече Ескобар.
Тој навел дека дошол до порака дека во меѓународната заедница владее огромна загриженост поради потенцијални ескалации на насилството.
Во Белград, Ескобар изрази уверување и надеж дека Србите на северот на Косово нема да видат промени во нивните животи на 1 септември, кога владата во Приштина ќе објави почеток на спроведувањето мерки на реципроцитет.
Ескобар изјави дека неговата надеж е Србите на северот на Косово „суштински нема да станат гости во сопствената земја“, дека „тие ќе бидат признати како легитимни граѓани и на Србија и Косово“ и дека „ќе продолжат да живеат мирно“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е само прашање на време кога ќе дојде до поголема криза на Косово.
