Ескалираа судирите во Гевгелија, загина мигрант!
Мигрантите и беглаците кои се наоѓаат кај грчкиот центар Идомени сѐ се понервозни во обидот да влезат во Македонија.
Маж за кој се верува дека стигнал од Мароко, починал на грчко-македонската граница после струен удар во текот на вториот последователен ден на судири помеѓу полицијата и мигрантите кои со недели се наоѓаат заглавени на грчката страна.
Починатиот мигрант бил во групата од најмалку 1500 луѓе, воглавно од Пакистан, Иран и Мароко, а кои се запрени на северната грчка граница недалеку од Идомени, бидејќи не им дозволуваат премин нашите власти понатаму кон северна Европа.
Неговото изгорено тело лежело покрај железничката пруга, рекол еден од сведоците на агенцијата Ројтерс.
Грчката полиција потврди дека Мароканецот починал од струен удар во допир со високонапонски кабел додека се качувал на кровот на воз.
Границата е блокирана
Во меѓувреме македонско-грчката граница е затворена, а состојбата ескалираше кога дошло до тепачка меѓу бегалците од Сирија и групата која дошла до останатите подрачја на Блискиот исток.
Поради немирите, Грција ја затвори границата со Македонија за сите бегалци и мигранти без разлика од која земја доаѓаат.
Претходно нашите полициски сили, во текот на судирот со мигрантите , исфрлија солзавец откако група незадоволни луѓе ги гаѓаше со камења.
За да го спречат преминиот на економските мигранти надлежните решија пред неколку дена да кренат ограда а поголем дел од жицата веќе е уништен.
За хаосот ја криват полицијата
Во меѓувреме мигрантите на границата сѐ се понервозни обидувајќи се на било кој начин да влезат во земјава.
Скандираат „Не сме терористи“, „Меркел, те молиме да не спасиш“, но и „Вие сте БЈРМ“.
Хуманитарците пак кои се наоѓаат на самата гранична линија тврдат дела за хаосот се виновни грчките полицајци кои не ги задржуваат економските мигранти.
Подоцна е објавено дека претставници на УНХЦР и неколку невладини организации го напуштиле привремениот камп поради сигурносни причини.
Надлежните почнаа да донесуваат додатни полициски сили на границата.
Проблем, како што се наведува, прават мигрантите од Иран, кои се најгласни и не им дозволуваат на бегалците од Сирија да се пробијат до импровизираниот граничен премин преку кој од Грција се влегува во Македонија.
Економските мигранти, на кои преминот не им е овозможен, им се закануваат на бегалците од воените подарчја на кои им е дозволен преминот.
