Ескалираа протестите во Турција-водени топови и солзавец против демонстрантите
Солзавец и водени топови употреби турската полиција за да ги растури демонстрациите на плоштадот Таксим во Истанбул, на одбележувањето на првата годишнина од масовните анти-владини протести во државата. Припадници на специјалната полиција го блокираат и приодот кон плоштадот Таксим и паркот Гези.
Според медиумите уапсени се поголем број на демонстранти. Според нив повеќе од 25 000 полицајци се распоредени само во Истанбул, а претходно и турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган апелираше до младите турски граѓани да се воздржат од учество во протестите.
Покрај Истанбул, организацијата Солидарност со Таксим, повика на масовни протести и во Анкара, Измир, Антакија и други градови.
Минатата година кон крајот на мај и почетокот на јуни минатата година, десетици илјади турски граѓани излегоа на улиците на турските градови незадоволни од премиерот Ердоган, барајќи демократизација на државата.
Слично
