ЕСКАЛИРАА ПРОТЕСТИТЕ: Гевгелиските таксисти се судрија со полицијата
Ескалираа протестите на гевгелиските таксисти кои револтирани поради непочитување на договорот кој го постигнаа завчера со Центарот за управување со кризи, демонстративно ја блокираа пругата кај Гевгелија.
Во судирите двајца таксисти се повредени, а состојбата е тензична. Според информациите од терен, еден таксист е повреден од туркањето во гужвата, а еден бил тепан од специјалните полициски сили, при што интервенирала и брзата помош.
По повеќедневните протести ценарот за управување со кризи донесе времена одлука транспортот на мигрантите да го вршат таксистите и автобуските превозници преку ден, а навечер да го пренесуваат со воЗ на македонски железници.
Вчера оваа пракса се почитувала, но утринава бегалците повторно се носат со возови.
(Фото: Фокус)
