Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ештон на Балканот за решавање на горливите прашања меѓу лутите соседи!

Ештон на Балканот за решавање на горливите прашања меѓу лутите соседи!
Кетрин Ештон висок претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност  неделава ќе ги посети Македонија, Црна Гора и Албанија, но најверојатно е во турнејата да бидат вклучени и други земји од Западен Балкан, како Србија и Косово. Меѓу овие земји Европската унија се обидува да посредува. Посетата на Ештон на земјите од Западен Балкан има за цел да го зајакне ангажманот на ЕУ за нивна идна интеграција во Унијата. „Ќе ги охрабриме шефовите на државите од регионот да продолжат со реформите и да развиваат односи на добрососедство“, изјави Кетрин Ештон. Името и Косово во Фокусот на Ештон? Инаку како што веќе пишуваше Фактор се стеснува обрачот околу четирите балкански земји кои имат децениски односно дводецениски нерешени прашања. Македонија и Грција од една и Србија и Косово од друга страна влегуваат во финална фаза за решавање на горливите и веројатно последните балкански проблеми. За универзитетскиот професор, Стево Пендаровски овие две прашања немаат допирни точки меѓу себе освен старата поврзаност во еден ист безбедносен комплекс на Косово и Македонија. Со други зборови, вели Пендаровски нестабилноста на Косово или неговата поделба скоро сигурно ќе предизвика домино ефект и кај нас. „Секое од прашањата има сопствена динамика со тоа што српско-косовскиот проблем влегува во решавачка фаза и ако сега не биде решен постепено ќе се трансформира во т.н замрзнат конфликт, а во грчко-македонскиот спор, секоја година од Букурешт до денес има барем по неколку “решавачки” фази , по што следи целосен вакуум на активности. Значи, во овој период на 2013-та развојните линии на двата спора сосема случајно се допираат при што, по моја проценка,  косовскиот јазел за разлика од македонскиот има поголеми шанси да биде барем делумно разрешен“, вели Пендаровски. Иако, двете прашања како по својата генеза така и по својата надворешна манифестација немаат ништо заедничко и теоретски и практично се многу различни, сепак заедничко им е фактот дека односите Белград – Приштина и Скопје – Атина се прашања кои и тоа како ја оптеретуваат, па ако сакаме и загрозуваат стабилноста во регионот, тогаш логично е тие да се решаваат во пакет, вели долгогодишниот новинар и аналитичар Тодор Пендаров. „. Зошто токму сега, се инсистира на решение? Мислам дека пред се во Србија е созреан фактот дека Косово не е дел од Србија. Ова го мислам пред се за актуелната Влада. Понатаму НАТО (тука мислам на САД) иако регионот е далеку од нивниот приоритет, сакаат дефинитивно да обезбедат стабилност на Јужното крило имајќи предвид дека пацификот сега станува актуелен, но треба да се имаат предвид и други фактори, на пример присутноста на Русија пред се преку енергетскиот потенцијал. Исто така и на Европа и е потребен стабилен регион уште повеќе што една нејзина членка Грција е директно инволвирана во создавањето на нестабилноста“, вели долгогодишниот новинар и аналитичар, Тодор Пендаров. Доброупатени во проблематиката тврдат дека во фокусот на посетата на високиот претставник наЕУ, Кетрин Ештон ќе биде спорот околу името и последниот предлог што го добија Скопје и Атина од посредникот Нимиц. Освен ова целта на Ештон пред се ќе биде да го поттикне непостоечкиот дијалог меѓу власта и опозицијата за сите отворени внатрешни прашања, кои како што изјави и евокомесарот Филе го уриваат имиџот на земјата во Брисел и меѓу земјите-членки. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести