Ермира Мехмети бара Албанец на чело на преодната Влада
Пратеничката од ДУИ, Ермира Мехмети смета дека доколку се формира преодна Влада за да се надмине политичката криза, би требало премиер да биде Албанец.
„Во услови кога двете партии од македонскиот блок се длабоко разединети и на различни страни, само албанската етничка заедница, која директно не учествува во кризата, може да биде посредник“, напиша Мехмети на нејзиниот фејсбук профил.
Таа вели дека преодната Влада освен решавање на политичката криза, би имала мандат и да го реши спорот за името.
Слично
