ЕРДОГАН ЖЕСТОКО: Цел свет би можел да ја плати цената!
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупредува дека офанзивата на сириската влада во регионот ма Идлиб би можела да предизвика и безбедносни ризици за Турција, Европа и пошироко и дека цел свет би можел да ја плати цената ако меѓународната заедница не преземе акција во врска со тоа.
Според зборовите на Ердоган, Русија и Иран исто така се одговорни за запирање на хуманитарните катастрофи во Идлиб.
Турскиот претседател тоа го порачал во статија на Волстрит журнал.
Русија побарала вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за резултати на најновиот состанок на лидерите на трите земји гаранти на примирјето во Сирија - рускиот претседател Владимир Путин, тускиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Иран Хасан Рохани, рекол во понеделникот портпаролот на руската мисија во ОН.
Императив за меѓународната заедница е да продолжи борбата против терористи во Сирија до нивна целосна елиминација и ослободување на цивилното население од тероризмот“, истакнал портпаролот на руската мисија.
Путин, Ердоган и Рохани во петокот во Техеран го одржаа својот трет состанок посветен на решавање на сириската криза.
