Ердоган за „пучистите“: Зошто да ги хранам во затвор?
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган одби да ја исклучи можноста за враќање на смртната казна за илјадници луѓе уапсени по неуспешниот воен удар, соопшти Си Ен Ен.
„Сосема јасно е дека е извршено кривично дело - предавство" - рече претседателот Ердоган.
Ердоган вели дека лидерите ќе треба да решат за смртната казна.
Коментирајќи ги повиците на илјадниците луѓе во неговата татковина за смртни пресуди на превратниците, Ердоган рече дека луѓето сакаат брзо да се делува.
„Зошто треба да ги држам и да ги хранам во затворите во наредните години? Така зборуваат луѓето. Тие сакаат брз крај, бидејќи загубија блиски, загубија соседи, загубија деца. Тие страдаат, па луѓето се многу чувствителни и треба да се дејствува многу мудро“- кажа Ердоган.
Сепак, Европа се огласи дека е против враќањето на смртната казна, која во Турција е укината во 2004 година.
