Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган за 54,5 отсто ја зголемува минималната плата

Ердоган за 54,5 отсто ја зголемува минималната плата

Од 1. јануари минималната плата во Турција се зголемува за 54,5 отсто.

Покачувањето го најави претседателот Реџеп Таип Ердоган, а пренесува агенцијата „Anadolu“. Нето минималната плата ќе биде 8.500 турски лири (455 долари) месечно, во споредба со претходните 5.500 лири (295 долари) месечно. Ердоган објасни дека во процесот на утврдување на минималната плата е посветено големо внимание на правата на работниците и работодавачите. Останува можноста за ревидирање на оваа одлука и ново зголемување ако се појави потреба.

Последните податоци на Турскиот статистички институт (TurkStat), покажуваат дека годишната стапка на инфлација во Турција во ноември е намалена за 1,2 отсто во однос на октомври годинава.

Податоците на Евростат покажаа дека Турција има инфлација од 88 отсто и со тоа е прва во Европа, на оваа непопуларна листа, а подобра од неа е дури и Украина која е во војна. 

Слично

Поврзани вести