Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган: Во трговијата со Русија да се користи лира или рубља

Ердоган: Во трговијата со Русија да се користи лира или рубља

Турција предлага да се стави крај на „хегемонијата“ на доларот, со тоа што наместо американската валута во трговијата со Русија да се користи турската лира или руската рубља, пишува денеска турскиот весник „Ѓунеш“.

„На тој начин корист ќе имаат и Турција и Русија. Во една таква ситуација доларот ќе се обезвредни и ќе се спасиме од притисокот на курсот“ - вели турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Таа идеја тој ја претставил пред рускиот претседател, Владимир Путин на средбата во вторникот во Санкт Петербург.

Односите меѓу двете земји кои беа заладени сега се подобруваат. По обидот за пуч, Ердоган се сретна со Путин и тој е прв лидер со кој се сретнал по нередите во неговата земја.

Слично

Поврзани вести