Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган во текот на пучот избегнал смрт двапати

Ердоган во текот на пучот избегнал смрт двапати

Авионот F-16 во кој се наоѓале бунтовниците и  кои како метал во имал авионот на Ердоган во текот на обидот на пуч, морал да ја промени рутата бидејќи му недостигало гориво.

Ова на турскиот претседател му го спасилот животот, пишува турскио државен весник „Јени Сафак“.

F-16 на радарот го следел авионот на Ердоган, но не можел да му се приближи доволно поради горивото кое му недостасувало. Тоа ги натерало пилотите да ја запрат мисијата.

Причината поради која тој борбен авион не ја завршил мисијата не била позната во деновите после обидот за пуч.

„Најмалку два авиони го следеле Ердоган додека неговиот авион бил на пат за Истанбул“, наведуваат претставници кои претходно наведуваа дека е „мистерија“ зошто F-16 ја запреле мисијата.

„Јени Сафак пишува дека Ердоган таа ноќ ја избегнал смртта двапати.

Го напуштил хотелот во летовалиштето Мармарис неколку минути пред пучистите да тргнат во напад на самиот хотел. Летот на Ердоган е подготвен во строга тајност,

Оучистите наводно поставиле и бомба во летовалиштето, рекол подоцна Ердоган, а мета на нападот бил и премиерот на Турција Бинали Јилдирим.

Обидот за пуч се случи ноќта помеѓу 15 и 16 јули. Речиси 250 лица се убиени, а повеќе од 2000 повредени,

Во деновите кои следеа се уапсени илјадници лица поради вмешаноста во завера против режимот.

Слично

Поврзани вести