Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган во посета на Хрватска, ќе разговара за билатерални прашања

Ердоган во посета на Хрватска, ќе разговара за билатерални прашања

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган e во дводневна посета на Хрватска, при што ќе одржи средби со хрватскиот државен врв, на кои ќе се разговара за билатерални прашања, бегалската криза, борбата против тероризмот и економијата.

Хрватските медиуми пишуваат дека Турција очекува од Хрватска силна поддршка за продолжување на преговорите за влез во ЕУ. Се очекува дека на разговорите меѓу турските и хрватските политички претставници во Загреб ќе присуствуваат и членови на претседателството на БИХ. Загрепскиот весник „Јутарњи лист“ пишува дека претседателот на Турција во Загреб доаѓа по неочекуваното и речиси драматично доаѓање на шефот на ЦИА, Џон Бренан минатата недела во Сараево, како и посетаta на германската канцеларка Ангела Меркел и Доналд Туск на јужна Турција.

Слично

Поврзани вести