Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган тврди дека бројот на фрижидери е знак дека Турција напредува

Ердоган тврди дека бројот на фрижидери е знак дека Турција напредува

Турскиот претседател,  Реџеп Таип Ердоган вели дека поседувањето фрижидер во домот е знак за просперитет. 

Тој рече дека според бројот на луѓе кои имаат фрижидер се гледа колку Турција напреднала, со што предизвика нова полемика пред предвремените претседателски и парламентарни избори во Турција закажани за 24 јуни, објави „Хуриет дејли њуз“.

Ердоган на последниот предизборен митинг во Сакарија ги спореди бројките за продажбата на автомобили и фрижидери од почетокот на владеењето на Партијата на правдата и развојот во 2002 година и денес.

Кажа дека во 2002 година се продадени 1.088,000 фрижидери, а лани се продадени 3.107,000, и заклучи дека „тоа значи дека во Турција нема сиромашни“.

Слично

Поврзани вести