Ердоган: Турција протера 1170 странци
Турските власти протерале 1 170 странци, за кои се претпоставува дека патувале преку Турција кон Сирија, за да се приклучат на терористичката група „Исламска држава“, објави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, соопштува „Франс прес“.
„Според податоците на нашето Министерство за надворешни работи, на 12 520 лица кои се осомничени за врски со терористички организации, им беше забрането да влегуваат во Турција. Ние имаме депортирно вкупно 1170 лица“, истакнал Ердоган на прес-конференцијата.
Претседателот додал дека податоците покажуваат дека Турција го изведува својот дел од својата посветеност да прекине проток од странски екстремисти и вети дека ќе ги продолжи овие напори.
Претходно во текот на неделата турските безбедносни сили уапсиле Британка во Анкара под сомнение дека се нудела да се приклучи на џихадистите во Сирија. Жената била депортирана за Велика Британија во четвртокот.
Минатата сабота Турција ги врати тројцата тинејџери од Лондон, откако ги уапси по барање на британските власти. И тројцата се обвинети во подготовка за извршување на терористички акти.
