Ердоган: Турција нема да дозволи курдска автономија во Сирија
Турција ќе ги преземе сите можни мерки за да не дозволи појава на курдска автономија во Сирија, објави „Ројтерс“, цитирајќи го турскиот претседател Реџеп Ердоган.
„Турција ќе направи се што е потребно за да се спречи создавањето на автономија во град Тел Абад на сириските Курди, кои САД ги сметаат за свои сојузници“, изјавил Ердоган.
Според распространите информации сириските Курди го најавиле основањето на „нова провинција“ во северниот дел на Сирија, во близина на границата со Турција. Според информирани и извори во составот на новата административно-територијална единица влегува и градот Тел Абад кој е под контрола на курдските единици за самоодбрана.
Претходно тој беше под контрола на терористичката група „Исламска држава“, по што курдските борци го ослободија. Иницијатор на прогласената „нова покраина“ е курдската партија „Демократски сојуз“.
