Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган: Турција не може да го запре приливот на сириски бегалци

Ердоган: Турција не може да го запре приливот на сириски бегалци

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека не е во негова моќ неговата земја да го запре приливот сириски бегалци, додека во Сирија не се воспостави мир, пренесе РИА Новости.

"Нашите европски пријатели сакаат ние да го запреме протокот на бегалци. Но, како можеме да го запреме овој поток, додека во Сирија се нанесуваат воздушни напади? ", изјави Ердоган за време на посетата во Еквадор.

Турскиот претседател исто така подлежи на критики од детскиот фонд на ОН УНИЦЕФ за тоа дека не вложува доволно напори во решавањето на проблемот со милионите сириски бегалци.

"Нашиот регион преживува тежок момент, кризата во Сирија ја предизвика најголемата човечка трагедија по времето на Втората светска војна", додаде Ердоган.

Слично

Поврзани вести