Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕРДОГАН: Турција има три милиони сириски бегалци, можат и пеш да тргнат кон Европа

ЕРДОГАН: Турција има три милиони сириски бегалци, можат и пеш да тргнат кон Европа

Турскиот претседател,  Реџеп Таип Ердоган изјави дека е можно 3 милиони мигранти да тргнат кон Европа и ја обвини Европската унија за недостатокот на финансиска поддршка, додека неговата земја троши милијарди за нив. 

„Во моментов во Турција има три милиони сириски бегалци, тие можат да одат во Европа, можат и пешки да тргнат. И додека ние тука се грижиме за овие 3 милиони., ЕУ е должна да ни помага. Ако овие бегалци стартуваат кон Европа, таа што ќе прави, ќе тргне наопаку. Сега не сака да прифати 100 или 500 луѓе. Ни беше ветена помош од 3 милијарди евра во јуни и втора транша исто толку, ништо од тоа не е исполнето "-истакна Ердоган во интервју за катарската телевизија „Ал Џезира ". 

Тој рече дека до моментов финансиската поддршка од ЕУ за бегалци во Турција  не е повеќе од 250-300 милиони евра, а од Високиот комесаријат на ОН - близу 550 милиони. долари. Во исто време владата, невладините организации и општините во Турција потрошиле близу 27 милијарди долари. Само трошокот на државата е во износ од 13 милијарди долари. Ердоган упати остри критики и кон САД поради неисполнето барање на турските власти исламскиот проповедник Фетхуллах Гулен да биде веднаш вратен во земјата, бидејќи е обвинет за организирање на обидот за воен удар од 15 јули.

Слично

Поврзани вести