ЕРДОГАН СО ЖЕСТОКИ ЗБОРОВИ: Европа е „болен човек“ и ќе плати за тоа што го направи
Турскиот претседател Реџеп Ердоган изјави дека прашањето за пристапување на таа земја во ЕУ ќе биде повторно ставено на „маса“ после референдумот за проширување на претседателските овластувања.
Во говорот во Измир, Ердоган ја според Европа со „болен човек“ користејќи изрази кои ги употребувале политичари во текот на 19 век, кога го опишувале пропаѓањето на Отоманското царство.
Тој уште еднаш се закани дека после референдумот ккој треба да биде одржан на 16 април, ќе воведе смртна казна, доколку законот биде изгласан во парламентот, што автоматски би го спречило секој обид на Турција да и се придружи на ЕУ.
„Европа ќе плати за она што го направила. Ако даде Бог, прашањето за Европската унија повторно ќе биде на маса после 16 април“, рекол турскиот претседател.
Тој истакнал дека Турците кои живеат во Европа се потценети поразени.
