Ердоган со закани на Европа: Ќе си платите за тоа што поддржувате терористи
Турската нација ќе ја натера Европа да плати за тоа што поддржува терористи. Ова го изјави турскиот претседател Реџеп Ердоган, критикувајќи го Европскиот парламент за тоа што и помага на сириската курдска Партијата на демократскиот сојуз (PYD) и нејзиното воено крило - одред за народна одбрана (YPG).
„Апелирам до ЕП за време на тој значителен настан: Кон кого се обидувате да испратите порака со знамиња на терористички организации, кои висат на ѕидовите на Европскиот парламент?“, праша Ердоган за време на ифтарската вечера , цитиран од весникот Хуриет.
„Турската нација ќе побара одговорност од соодветните луѓе за нивните активности, кога ќе дојде вистинското време за тоа“, додаде шефот на државата.
Ердоган, исто така, истакна дека веќе е започнато испраќањето на соодветните документи за постапки против пратениците, одобрение за соборувањето чиј имунитет Ердоган го даде на почетокот на месецот. Тогаш претседателот одобри закон кој го тргна имунитетот на 152 пратеници или 27,6% од пратениците во парламентот.
