ЕРДОГАН СО УЛТИМАТУМ НА АМЕРИКА: Бирајте, или Турција или Ѓулен
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и даде ултиматум на Америка, барајќи екстрадиција на Фетулах Ѓулен, за кој смета дека стои зад неуспешниот обид за воен удар од 15 јули.
Ердоган на САД им порача дека ќе мора да избира помеѓу продолжението на добрите односи со Турција и Ѓулен, кој негирал учество во воениот пуч, јави Анадолија.
„САД порано или подоцна ќе мора да одлучат или Турција, или ФЕТО“, рекол Ердоган , мислејќи на движењето на чие чело е Ѓулен.
И покрај фактот дека постои закана за влошување на односите на Турција и Вашингтон поради Ѓулен, Ердоган неделава престојуваше во Москва, каде се состана со Путин, што воедно е и прв обид за зближување на двајцата лидери уште од турското соборување на рускиот авион, кое се случи пред девет месеци.
