Ердоган ѝ се закани на цела Европа
Доколку лидерите на Европската Унија не му понудат, како што вели, подобар одоговор за справување со огромниот бегалски бран, турскиот претседател се заканува дека ќе ја отвори границата и ќе ја „преплави Европа со бегалци”.
Ова го во ноември го најавил турскиот лидер на средба со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и претседателот на европскиот совет, Доналд Таск,тврди грчкиот сајт Јуро2деј, а пренесува британски Teлеграф.
„Кога сакаме можеме да ги отвориме вратите кон Грција и Бугарија и да ги качиме бегалците во автобуси... И како ќе излезете на крај со бегалците без договор со нас? Ќе ги убиете?“, ги пренесува грчкиот портал зборовите на Ердоган од записникот на средбата.
Грчкиот портал открива дека имало длабока меѓусебна недоверба и нетрпеливост на разговорите помеѓу Ердоган и двајцата високи европски функционери.
На крајот двете страни успеале да се договорат за фонд од помош во висина од три милијарди евра за подобрување на условите на мигрантите во Турција, иако Ердоган инсистирал на шест милијарди евра.
Весникот истакнува дека Ердоган често ги прекинувал Јункер, поранешен премиер на Луксембург, и Туск обвинувајќи ја ЕУ дека ја измамила Турција, а Јункер го обвинил за некултурен однос кон него лично.
