Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган се закани на Грција дека скапо ќе плати, по што реагираше ЕУ

Ердоган се закани на Грција дека скапо ќе плати, по што реагираше ЕУ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани на Грција, дека ќе плати скапа цена, а потоа Европската Унија(ЕУ) излезе со реакција. 

Ердоган рече дека Грција „ќе плати висока цена“ ако се приближи до турската морска граница. 

Портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, ја повика Турција да се воздржи од реторика на ескалација кон соседна Грција, јави дописничката на МИА од Брисел. Стано ја осуди Анкара.

„Овие непријателски изјави се извор на многу сериозна загриженост, ставот на ЕУ останува многу јасен, очекуваме Турција да се воздржи од реторика на ескалација и да се посвети на добрососедски односи“, рече Стано.

Ердоган претходно ја обвини Грција дека ги окупирала островите во Егејско Море, кои имаат демилитаризиран статус. Тој исто така наведе дека Анкара „кога ќе дојде време ќе преземе сè што е потребно“. Ги спомена Крит и Родос. Односите меѓу двете земји се затегнати последниве години. Додека Ангела Меркел беше германски канцелар, се појави информација дека таа спречила војна меѓу двете земји во последен миг. 

foto Facebook.com

Слично

Поврзани вести