Ердоган се онесвети во џамија во Аташехир
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се онесвести за време на празнична молитва, објавија турски медиуми.
За време на молитва во џамија во Аташехир, провинција Истанбул, Ердоган одеднаш изгубил свест.
По интервенција на лекари се покажало дека причината е зголемено ниво на шеќер во крвта.
„CNN Turk“ истакнува дека Ердоган излегол сам од џамијата до својот автомобил и рекол дека веќе се чувствува добро и ќе продолжи со програмата за денот.
Ердоган сега е во стабилна состојба.
Слично
