Ердоган се налути: ЕУ е нечесна, не го исполнува договорот за мигрантите
Турскиот претседател Реџеп Ердоган го обвини Европскиот сојуз дека не ги исполнува обврските за миграционата зделка.
Унијата уште не ни ги дала 3-те милијарди евра, изјавил претседателот, цитиран од телевизијата Ен Ти Ви. "
„Ние прифаќаме 3 милиони бегалци. ЕУ ни вети кон јули дека ќе ни обезбеди 3 милијарди евра. Ние добивме од нив 200 - 250 милиони. Зошто? Бидејќи тие се нечесни, неискрени се. Рекоа дека ќе дадат три милијарди и уште ги „даваат“, истакнал Ердоган на состанокот на Организацијата за исламска соработка во Истамбул.
Тој додал дека ЕУ се загрижиле за миграцискиот проблем, дури откако Анкара изјави дека е подготвена да ги отвори границите со ЕУ за бегалци.
„Штом рековме дека може да ја отвориме вратата, тие веднаш се загрижија. Велат:"„што сакате да направите?“ ..„Како што? Овие луѓе сакаат да дојдат кај вас, па ние ги пуштаме и вие веднаш се возбудивте, за нив нема никакви права на човекот. Треба да се разбудиме и да дојдеме на себе“, повикал претседателот.
Согласно миграциониот договор Турција ја презеде обврската да ги прифати илегалните мигранти, најавени од нејзината територија во ЕУ (во Грција), во замена ЕУ вети финансиска помош првично од 3 милијарди, плус уште 3 милијарди евра, и укинување на визниот режим за турските граѓани и забрзување на преговорите за прием на Турција.
