Ердоган: Путин веќе не стои позади Башар Асад!
Рускиот претседател Владимир Путин е поставен позитивно кон отстранувањето на сирискиот претседател Башар Асад. Ова го изјави турскиот претседател Реџеп Ердоган пред новинарите во индонезиската престолнина Џакарта. Според Ердоган промената во позицијата на Путин се должи на недостаток на решение на сириската криза.
Турскиот претседател открил дека коментирал за иднината на Сирија со Путин за време на нивна средба во Азербејџан, како и во телефонските разговори потоа.
„Тој веќе нема исто мислење. Веќе не стои зад Башар Асад. Верувам дека веќе не го поддржува и гледа повеќе позитивно на можноста за промена на режимот“, изјавил Ердоган.
Тој ги критикуваше САД дека им испратиле оружје на борците на сириската партија на Демократската унија, која се бори со џихадистите во Северна Сирија. Според Ердоган, сепак таа е терористичка организација, која се приближила до курдската работничка партија „ПКК“.
„Преку телефон му објаснив на претседателот Обама дека ако Вашингтон испрати оружје на сириските борци, тие ќе завршат во рацете на џихадистите. Тој не ме послуша и испораката беше остварена следниот ден“, истакнал Ердоган, и додал дека времето покажало дека тогаш бил во право.
Неговиот коментар доаѓа по континуираните воздушни напади против џихадистите, како и врз позициите на курдската работничка партија ПКК во северен Ирак.
Турскиот државен врв најавил дека Саудиска Арабија, Катар, Франција и Велика Британија се подготвени да се вклучат во бомбардирањето во Сирија со цел создавање Слободна зона за безбедност.
