Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба по обидот за пуч

Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба по обидот за пуч

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган синоќа прогласи тримесечна вонредна состојба во земјата по обидот за државен удар кој се случи минатата недела.

Тој на прес - конференција по завршувањето на седницата на владата во Анкара рече дека вонредната состојба не е против демократијата, владеењето на правото и слободите. Според него, станува збор за неопходен чекор за што поскорашно отстранување на заканите.

„Како врховен командант ќе се погрижам да бидат исчистени сите вируси во оружените сили“- кажа Ердоган.

Вели дека ќе делува за да го отстрани „вирусот“ во војската. Напнатоста во земјата е голема.

Ердоган рече дека европските земји немаат право да ја критикуваат одлуката за вонредна состојба. Напомена дека е можно некои земји да се вмешани во обидот за државен удар.

Ердоган додаде дека нацијата е во состојба сама да ја одредува својата судбина и има моќ да ја застапува, а прогласената  вонредна состојба е единствено поради терористичката закана.

Тој ја прогласи  вонредната состојба за период од 3 месеци, меѓутоа нема да го спречи демнењето  по плоштадите под логото „бранители  на демократијата”, а според него нивните имиња треба да се запишат со златни букви во историјата.

Тој рече дека и покрај вонредната состојба нема да има никаков компромис на штета на демократијата.

Слично

Поврзани вести