Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган прогласи победа: Ќе добие ли уште еден мандат турскиот претседател?

Ердоган прогласи победа: Ќе добие ли уште еден мандат турскиот претседател?

Што се случува на претседателските избори во Турција - изгледа за да се стигне до точниот одговор на ова прашање допрва ќе треба да помине доста време, бидејќи едно е сигурно - податоците кои ги објавуваат државните информативни извори односно оние кои се блиски на актуелната влада на Реџеп Тајип Ердоган и опозицисијата зад Мухарем Инџе се исклучително различни. 

Едно е сигурно - одѕивот е исклучително висок, а за двата типа на избори - претседателски и парламентарни, процентот е над 87%. Првите резултати покажуваа 60% поддршка за Ердоган и 58% поддршка за Партијата на правдата и развојот (АКП), а таков резултат значеше победа. Податоците беа пренесени кај само 16% преброени гласови и со предупредување дека поддршката за Ердоган и неговата партија се намалува.

Исто така беше потсетено дека на парламентарните избори во 2015 година, првите бројки на АКП беа дека партијата освоила и 61 отсто од гласовите, а 42 отсто испаднале на крај.

Сепак официјални бројки ќе се знаат по целосно пребројување на гласовите.

Слично

Поврзани вести